Локација
Хотелот се наоѓа во Аланија, на околу 28 километри од центарот на Аланија, околу 100 километри од центарот на Анталија и околу 95 километри од аеродромот.
Општи податоци
Хотелот е отворен во 2002 година, а последен пат реновиран во 2018 година, зафаќа површина од 31.000 m² и нуди 417 сместувачки единици. На гостите им се на располагање два отворени базени, голем број на активности и спортови на вода, вечерна забава, спа центар, сали за состаноци, а во лобито на хотелот е достапен и Wi-Fi. Гостите на Aqi Pegasos Club, Aqi Pegasos Resort и Aqi Pegasos Royal можат да ги користат сите заеднички капацитети, освен ресторанот. За деца има базен, мини клуб, диско, игралиште.
Сместување
Хотелот нуди 417 сместувачки единици и сите имаат балкон/тераса, клима уред, сателитска LCD телевизор, фен за коса.
Стандардната соба е со големина од 23 м² и има балкон со поглед на градина или улица. Се состои од француски кревет или два посебни кревети.
Семејната соба е со големина од 38 м² и има балкон, а се состои од француски кревет и 1 или 2 софи како дополнителен кревет.
Со доплата: сеф, услуга во соба, телефон, мини бар.
Храна и пијалок
Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, доцна појадок, ручек, вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Концептот вклучува закуски и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Хотелот нуди главен ресторан Olympos и неколку барови - лоби бар, бар на базен, бар на плажа, лоби салон и диско.
Со доплата: диско бар, свежо цедени сокови, сладолед, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци и се останато што не е вклучено во концептот.
Други содржини
Сервис за перење и пеглање, продавници, фризерски салон, доктор.
Спорт и забава
Хотелот нуди 3 базени (еден за деца), пинг понг, теретана, игралишта за забава, кошарка и тенис, бочање, одбојка на плажа, аеробик, како и спортови на вода (џет-ски, сурфање).
Со доплата: спортови на вода.
Спа и велнес
Со доплата: амам, масажи, сите третмани за нега на лице и тело.
Плажа
Хотелот се наоѓа на својата песочна плажа која е означена со синото знаме. Користењето на крпи за плажа, чадори и лежалки е бесплатно за гостите на хотелот.
Хотелот го задржува правото да ги промени деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината...).