Положба Хотелот е лоциран во областа Incekum, 20км од Аланија и околу 90км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 267. Стандардни соби 220 (40м², макс.3+1 лице), 24 Junior суита (45м², една спална соба и едно купатило, макс.2+1 лица), 21 фамилијарни соби (55м², две спални соби, едно купатило, макс.4+1 лица). Сите соби се со купатило со када, фен, централна клима систем која работи во зависност од временските услови, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци на пристугнување , подоцна секојдневно се надополнува со вода), сеф, сателитска ТВ и музички канали, тепих на подот, балкон.
Услуга Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина во текот на денот, вечера, домашни и некои стандарни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, А’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот. Увозни пијалоци , сите увозни пијалоци во Диско клубот , свежо цедени сокови, Турско кафе, секое следно користење на А’la Carte рестораните, флаширани пијалоци, услуга во соба дополнително се наплаќаат.
Содржини Хотелска песочна плажа, лежалки , чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни.
Плажа Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка, пинг понг. Спортови на вода, масажа, осветлување на тениските игралишта, Спа & Wellness центар, билијард се наплатуваат. Забавни програми, натпревари, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца 4-12 години.
Спорт и забава Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, пинг понг, стрелаштво, пикадо, аеробик. Билијард, масажа и пилинг, спортови на вода, тенис и опрема за тенис, Џакузи, дополнително се наплаќаат. Мини клуб за деца.