Положба Хотелот е лоциран во областа Incekum. 20 км од Аланија и околу 90 км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 267. Стандардни соби 220 (40м², макс.3+1 лице), 24 Junior суита (45м², една спална соба +едно купатило ,макс.2+1 лице), 21 фамилијарни соби ( 55м²,две спални соби , едно купатило , макс.4+ 1 лице). Сите соби се со купатило со када , фен, централна клима систем која работи во зависност од временските услови , мини бар ( вода и безалкохолни пијалоци на пристугнување , подоцна секојдневно се надополнува со вода), сеф, сателитска ТВ и музички канали, тепих на подот , балкон.
Услуга Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина во текот на денот, вечера, домашни и некои стандарни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, А’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот. Увозни пијалоци , сите увозни пијалоци во Диско клубот , свежо цедени сокови, Турско кафе, секое следно користење на А’la Carte рестораните , флаширани пијалоци, услуга во соба дополнително се наплаќаат.
Плажа Хотелска песочна плажа, лежалки , чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни.
Спорт и забава Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта ,кошарка , одбојка, пинг понг. Спортови на вода, масажа, осветлување на тениските игралишта, Спа & Wellness центар , билијард се наплатуваат. Забавни програми , натпревари, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца 4-12 години.