Положба
Хотелот е лоциран во областа Чамјува, на 5км од Кемер и 60км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 298 во два блока. Стандардни соби (24-36м², макс.2+1 лица)-една спална и едно купатило
и една соба за хендикепирани лица.
Сите соби се со купатило со туш, када, фен, клима сплит систем, телефон, сеф (се наплаќа), мини бар (се дополнува секој ден со вода), сателитска ТВ и музички канали, балкон, со поглед на море или планина.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина, колачи, вечера, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-23.30 часот. Дополнително се наплаќаат-сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, Турско кафе, енергетски пијалоци, A’la Carte ресторани, пијалоци во Диско клуб.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, снек бар на плажа, A’la Carte ресторани (Турска кујна и рибен ресторан). Доктор, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во лоби.
Плажа
Хотелска плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, мини голф, пинг понг. Спортови на вода, масажа, салон за убавина, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот и во вечерните часови. Мини клуб за деца.