Положба
Хотелот е лоциран во регионот Турклер, на 26км од Аланија, и 105км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби-285. Стандардни соби (30м2, една спална, едно купатило, макс 2+1 лице), Фамилијарни соби ( 40м2, две спални, едно купатило, макс.4+1 лице), Соби с о пристап кон базен ( 30м2, една спална, едно купатило, директен пристап до базенот, макс.2лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар ( вода, негазирани пијалоци, се дополнуваат секој ден), чајник, сеф, сателитска тв со музички канали, Wi-fi internet, ламинатски под и балкон.
Услуга
Ултра-се вклучено, шведска маса за појадок, доцен појадок,ручек, попладневен чај, кафе и колачи, вечера и доцна вечерна ужина, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, како и одредени увозни пијалоци, А-ла карт рестораните The Work House и Аli Baba, со претходна резервација еднаш за време на престојот, сладолед во одредено време од денот, печиво, пијалоци на барот на плажата до 18часот. НЕ се вклучени: специјални и луксузни увозни пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, флаширани пијалоци, Joe’s Grill А-ла карт ресторан, услуга во соба. Пијалоците во диското се вклучени во услугата ултра-се вклучено.
Содржини
лавен ресторан со шведска маса, А-ла карт ресторани (скара, азиска кујна, и рибен), бар покрај базенот како и на плажата. Доктор, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, компјутерски игри, и рент а кар се со доплата. Интернет конекција не се доплаќа.
Плажа
Хотелска песочна плажа, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплаќаат. Спорт и забава Надворешен базен за деца и возрасни, фитнес центар, тенис, одбојка на плажа.
Со доплата: SPA WELLNESS центар, турска бања, сауна, парна бања, водени спортови, масажа, билјард. Забавни програми во текот на денот, музика во живо секоја вечер, и двапати неделно танцови шоуа. Мини клуб за деца од 04-12 години.