Локација
Хотел се наоѓа во регионот Титрејенгол на околу 7 километри од античкиот град Сиде и на околу 70 километри од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 819 сместувачки единици распоредени во неколку блокови. Сите сместувачки единици располагаат со: бања со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, директна телефонска линија, сеф (со доплата), мини бар (со доплата), сет за кафе и чај (со доплата) , плочки , САТ ТВ и музички канали.
Стандардна соба (28 м2, 1 спална соба, 1 бања, макс 2+1 дете).
Фамилијарни соби без балкон, поглед на копното (33 м2, 1 спална соба со два посебни кревети и друга спална соба со две софа кревети, собите се одделени со врати, 1 бања.
Фамилијарни соби со балкон со поглед на копното (36 м2, 1 спална со брачен кревет и друга спална соба со две софа кревети, собите се одделени со врата, 1 бања.
Фамилијарни соби со балкон и ограничен поглед на море (36 м2, 1 спална со брачен кревет и друга спална соба со две софа кревети, собите се одделени со врата, 1 бања.
Услуга
Услугата во хотелот е All Inclusive на база на отворено шведска маса - самопослужување појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, детско бифе и детски ресторан, снек ресторан на плажа со безалкохолни пијалоци и пиво до 17 часот, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 01h, A'la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Со доплата: сите увезени пијалоци, специјални вина, коктели, луксузни пијалоци, свежи овошни сокови, сладолед, пуканки, вафли, турско кафе, флаширани пијалоци, пијалоци во диско клубот и целата храна и пијалоци по 01: 00, услуга во соба.
Содржина
Главен ресторан базиран на отворено шведска маса - самопослужување, A'la carte ресторани (Saray - турски, Prima Cusina - италијански, Spice - азиски), барови во склоп на хотелскиот комплекс.
Со доплата: лекарска услуга, грижа за деца, сервис за перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, трговски центар, rent a car. WI FI интернетот е бесплатен во фоајето.
Плажа
Приватната песочна плажа на хотелот. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, лизгалки, фитнес центар, пинг-понг, одбојка на плажа, мини фудбал и гимнастика, забавна програма во текот на денот на плажа и покрај базен, натпревари за деца и возрасни, вечерна шоу програма, мини клуб за деца од 4 до 16 години поделени по возрасни групи со посебна програма, детско игралиште, мини диско.
Со доплата: спортови на вода, турска бања, сауна, масажи, тениско игралиште и осветлување за тениски терени, спа и велнес центар, школа за нуркање, билијард и компјутерски игри.