Положба Хотелот се наоѓа во Окуркалар регионот, на 35 км од Аланија и 95 км од Анталискиот аеродром
Сместување Вкупен број на соби 232. Стандардни соби (30m², спална, купатило, максимум 2+2 особи) . Фамилијарни соби (40m², една голема соба со француски лежај и два одвоени кревети , максимум 4 особи ) и две соби за хендикепирани лица. Сите соби имаат купатила со када, фен, клима уред кој работи согласно временските прилики, директна телефонска линија, мини бар ( вода и негазирани пијалоци за време на пристигнувањето, потоа се доплаќа) , сеф со доплата , сателитска телевизија со музички канали, балкон. Има соби кои немаат балкон
Услуга Ултра се вклучено- шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, чај, торта, вечера, супа доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10-24 часот. Ала карт ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено- сите увозни пијалоци, специјални вина, сите видови на флаширани и конзервирани пијалоци, свежи овошни сокови, сладолед, пуканки, пијалоци во диско, собна послуга.
Содржини Главен ресторан на база шведска маса, Ала карт ресторан со различни менија, барови околу хотелскиот комплекс, Доктор, чување на деца, перење и сушење на алишта, фризер, интернет кафе и компјутерски игри, шопинг центар, рен а кар се доплаќаат. ВИФИ во лобито е бесплатно за користење.
Плажа Хотелска приватна плажа со ситни каменчиња, лежалки, чадори и пешкири не се наплаќаат.
Спорт и забава Надворешен и внатрешен базен за деца и возрасни , фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терен, одбојка на плажа не се доплаќаат. Со доплата- масажа, салон за убавина, осветлување за тениски терени, спортови на вода, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и плажа, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години, детско игралиште, мини диско навечер.