Положба Хотелот се наоѓа во областа Konakli, на 8км од Аланија и на 115км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 398. Стандардни соби (30м2, спална, купатило, макс.2+1), фамилијарни соби (42м2, две одвоени спални, едно купатило, макс.4). Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима, мини бар (сокови и вода по пристигнувањето, потоа се дополнува со вода секојдневно), сеф (со доплата), телефон, интернет (со доплата), сателитска ТВ со музички канали, балкон.
Услуга Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне чај, вечера, доцни вечерни и рани утрински закуски, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар покрај плажа од 10:00-17:00 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се мени листата, сокови од свежо овошје, флаширани пијалоци, пијалоци во лименка, сладолед, Турско кафе, пијалоци во диско клуб.
Содржина Главен ресторан на шведска маса, лоби барм бар покрај базен и бар на плажа. Доктор, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Интернет конекција со доплата.
Плажа Хотелска плажа, песок со ситни камчиња. Лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат.
Спорт и Забава Отворен и затворен базен за деца и возрасни, лизгалки на вода, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг, тениско игралиште. Дополнително се наплаќа: спортови на вода, масажа, велнес центар, осветлување за тениско игралиште. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во текот на ноќта. Мини клуб за деца од 04-13 години.