Локација
Хотелот се наоѓа во областа Чолакли, 9 km од Сиде и 40 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелоп вкупно поседува 579 соби.
Супериор стандардни соби (40-46 м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.3+1 дете).
Дуплекс фамилијарни соби (80 м², на кат има спална соба за родители и бања, а долу спална соба за деца и бања со туш, не се оделени со врата, макс.4 лица).
Фамилијарни соби со конектирачка врата (72 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.2+2 лица).Јуниор апартман (70 м², една спална соба, една дневна соба, две купатила, џакузи во спалната соба, макс.2+1 лице).Алхамбра апартман (63 м², една голема соба со дневен престој, едно купатило, макс.3+1 лице).Кралски апартман (137 м², две спални соби и една дневна соба одвоени со врата, едно купатило со туш и џакузи и едно купатило со туш, макс.4 лица)Хотелот поседува 5 соби за лица со посебни потреби.
Сите соби се со страничен поглед на море, со директен поглед на море и со поглед на копно, со приватно купатило со туш и када, фен, бањарка, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалаци и пиво секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, тепих на под, LCD TV со сателитски програми, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладне торта, колачи, закуски, вечера, закуски доцна навечер, диететско бифе и ресторан за деца, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед за време на вечера, бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот.
Не е вклучено: луксузни увозни пијалаци, À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата, сите локални и увозни флаширани вина, свежо цедени сокови и сокови од зеленчук, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Fettucini - италијански ресторан, Kuzine - турски ресторан, Captain - рибен ресторан, Miyako - кујна со храна од Далечен Исток и La Viva Fiesta – мексикански ресторан, барови околу хотелскиот комплекс.
Со доплата: доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнамјување автомобил.
WI-FI интернет конекција со ниска брзина, во лоби и во собите е бесплатна.
Спорт и забава
Отворени и затворени (затворени во летната сезона) базени за возрасни и деца, аква парк со тобогани, луна парк, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг се бесплатни.
Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 4 – 12 години, игралиште, мини диско.
Со доплата: масажа, SPA и центар за убавина, куглање, билјард, спортови на вода.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа. Чадори за сонце, лежалки и крпи за плажа (бесплатно).