Положба
Хотелот се наоѓа во oбласта Конакли на 7 км од центарот на Аланија и 125 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот поседува вкупно 391 соба распоредени во две згради.
Стандардни соби (26 м², една спална со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лица).
Фамилијарни соби (44 м², две спални соби одвоени со лизгачка врата, една спална соба со француски кревет + единечен кревет, друга спална соба со два единечни кревета, едно купатило, макс. 3+2 деца).
Сите соби имаат приватно купатило со када или туш кабина, фен, клима, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (се дополнува со сок секој ден), електричен бокал, сеф, ламинат под, балкон.
Wi-Fi интернет е бесплатен во целиот хотел.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалаци – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, колачи, вечера, доцна вечерна закуска, ран појадок, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, закуски во барот на базен и на плажа од 10:00 до 18:00 ч. Специјални увозни пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба (со доплата). Алкохолни пијалаци од 03:00 до 10:00 ч. не се служат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (турска, италијанска кујна и рибен ресторан), барови со закуски покрај базен и на плажа, лоби бар, отворено диско, кафетерија. Доктор, перална, фризер, интернет кафе (со доплата).
Плажа
Хотелска песочна плажа има тунел под патот до плажата. Лежалки, чадори за сонце и дужеци се бесплатни. Kрпи за плажа и базен со депозит. Павилјоните на плажа се со претходна резервација (со доплата).
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, лизгалки, фитнес, турска бања, игралиште за тенис, одбојка, кошарка, пинг понг. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажата, вечерни шоу програми. Специјални програми во мини клубот за деца од 4-12 години. Детско игралиште, мини диско навечер.
Со доплата: спортови на вода, сауна, масажа, СПА и салон за убавина, рефлектор за тениско игралиште, центар за игри, билијард, кошарка, пинг понг и тениски игралишта после 17 часот.