Положба Хотелот е лоциран во Turkler регионот, 15 км од центарот на Аланија и 100км од аеродромот во Анталија .
Сместување Вкупен број на соби 425. Стандардни соби 322 (24м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), дуплекс фамилијарни соби 82 (30м², две спални соби, едно купатило, макс. 2+2 лица), 3 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када, фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (сокови и вода на пристигнување, подоцна само вода), сеф (се наплаќа) , сателитска ТВ и музички канали, балкон, Wi-fi интернет конекција.
Услуга Ултра Се вклучено–шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина наутро и попладне чај, кафе, колачи, полноќна ужина, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безакохолни пијалоци од 10.00-24.00ч, А’la Cаrte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, ужина на плажа 12.00-17.00ч., сладолед во одредени часови. Увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба се наплатуваат.
Содржини Главен ресторан со шведска маса, А’la Carte ресторани-Fish Inn (рибен ресторант), Turk Inn (Турска кујна), Inn Ka (Мексиканскa кујна), Italy Inn (Италијанска кујна), лоби бар, бар покрај базенот, бар на плажа. Доктор, сервис за перење и пеглање, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, rent a car дополнително се наплатуваат.
Плажа Хотелска плажа на 400м. од хотелот, со камчиња, лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа не се наплатуваат. (Има тунел до плажа, или пак гостите го користат шатл превозот кој е бесплатен).
Спорт и забава Отворени и затворен базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, пинг понг, тениско игралиште, одбојка на плажа. Спортови на вода, осветлување на тениско игралиште, билијард, Спа центар и центар за убавина, масажа се со доплата. Забавни програми во текот на денот, натпревари, вечерени шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год. и Јуниор клуб за деца од 13-16 год.