Положба
Хотелот е лоциран во регионот Карабурун, 27 км од Сиде, 33км од Аланија и 100 км од аеродоромот во Анталија.
Сместување
Вкупно број на соби 290. Сите соби се наоѓаат во главната зграда. Стандардни соби 188 (28 м2, 1 спална соба со француски кревет + единачен кревет , 1 купатило, макс 3+1 лица), Фамилијарни соби 65 (40m²; 2 спални со конектирачка врата, 1 куаптило, макс 4+1 лица), Јуниор свит 32 (32m²; 1спална со француски кревет + единачен кревет + 1 софа и 1 купатило, 4+1 лица) и 5 соби за хендикепирани лица. Стандардни и фамилијарни соби со поглед на градина и море, џуниор свит сите се со поглед на море. Сите соби се опремени со сопствени купатила со када, туш, фен, централен клима уред кој работи во согласност со временските услови, директна телефонска линија, мини бар (вода и безалхохолни пијалоци се дополнуваат секој ден), сеф (со доплата), сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, WI – FI интернет конекција (со мала брзина), балкон.
Услуга
Ultra all inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, снек бар за ручек, попладневен чај, кафе и торти, вечера и полноќни снекови. Сите домашни алхохолни и безалхохолни пијалоци од 10:00 – 02:00 часот, свежи цедени сокови само за појадок, A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш неделно за време на престојот. Со доплат: свежи цедени сокови, сите увезени пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, сладолед, собна послуга, пијалоци во Café Pub од 02.00 – 08.00 часот.
Содржини
Надворешен и внатрешен главен ресторан на база шведска маса, A’la Carte ресторани –Медитеранска и Отоманска кујна (Турска кујна), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување на деца. Перална, фризер, продавници, телефон, факс, рен а кар, интернет катче и компјутерски игри се со доплата. WI-FI интернет во Лоби областа е бесплатен.
Плажа
Приватна плажа – песочна и камчеста, со лежалки и чадори, пешкири и душеци бесплатно.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, водни лизгалки, Турска бања, џакузи, фитнес центар, тениски игралишта, кошарка, мини фудбал, одбојка на плажа, пинг понг. Спортови на вода, сауна, масажа, тенис со осветлување, билјард, куглање во Ариканда се доплаќаат. Дневни и вечерни анимации. Мини клуб за деца на возраст од 04-12 год.